26.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаПроширена истрагата за трагедијата во Кочани: Приведен е Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ

Проширена истрагата за трагедијата во Кочани: Приведен е Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Александар Нацев од ВМРО=ДПМНЕ е сопственикот во позадина на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ за кого е проширена истрагата на Јавното обвинителство за пожарот во Кочани, неофицијално дознава „Фокус“.

<

Веќе подолг период Фокус ја обработува оваа тема, во која во неколку наврати потврдивме дека тој е сопственикот на Агенцијата за обезбедување, која ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во кога починаа 62 млади лица и 200 беа повредени.

Во прилог целото соопштение на Обвинителство:

Со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека “Пулс” е опфатено уште едно лице за кое е поведена истрага за – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.

Во текот на досегашната постапка се обезбедија докази согласно кои за сега осомничениот се утврди дека е одговорно лице – реален сопственик на осомниченото правно лице – агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје.

Согласно доказите, тој раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата, заедно со претходно осомничениот управител и со овластеното лице на подружницата во Кочани.

Тие без да имаат склучено договор со корисникот на услугата Кабаре ПУЛС Кочани, во текот на 2025 година вршеле обезбедување на имот и лица за клубот. Новиот осомничен во континуитет активно раководел со планот и начинот за давање на услугата обезбедување преку правното лице. Заедно со осомничените кои биле ангажирани како обезбедување, спротивно на повеќе членови од Законот за приватно обезбедување, без каква било претходна безбедносна проценка и план за обезбедување, како и без проверка на условите за противпожарна заштита и опасност од пожари, без да извршат проверка по однос на сигурносните услови во кабарето од аспект на имот и лица, особено по опасност и можност за евакуација, во текот на вечерта кога настанал пожарот не контролирале и овозможиле влез на деца во објектот, не воделе грижа за преполнетоста на капацитетот за посетители во објектот, не спречиле внес и користење на експлозивни материи – пиротехнички средства од членовите на музичката група, со кои бил предизвикан пожарот, поради што настапила смрт кај 62 лица, со тешки телесни повреди се здобиле 157 лица, а со телесни повреди се здобиле 54 лица.

Врз основа на судска наредба вчера беше извршен претрес на две локации во Скопје и во Пробиштип, како и во автомобилот на осомничениот, при што беше одземена обемна документација поврзана со правното лице и електронски уреди. Лицето е лишено од слобода и со оглед на сите околности и законски основи, јавниот обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Кочани ќе достави предлог за определување мерка притвор.

Ирена МУЛАЧКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Го фатиле како краде краде лубеници, па со Роцангла го претепале до смрт.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека заедно како група извршиле кривично дело...

Мицкоски: Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато, денес секој денар се гледа на терен

Кога локалната самоуправа работи со Владата како партнер тогаш резултатите не изостануваат. Овие проекти покажуваат дека Гевгелија е дел од приказната на новото време...

“Полека но сигурно, Грција станува наша”-За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра.

Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители...

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...