20.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаТалески: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку...

Талески: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има во Македонија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кандидатот за министер за здравство, Азир Алиу, е апсурден и срамен потег на оваа власт. Срамно е што за министер за здравство, власта ќе постави информатичар кој веројатно нема поим колку болници има во државата, колку здравствени домови има, а камоли да знае што навистина му е потребно на здравството, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната собраниска седница.

<

Тој се осврна на изјавите на премиерот Мицкоски, како и на потегот на власта, која, за да го оправда именувањето на Алиу за министер, вели дека најважен приоритет на оваа влада ќе биде дигитализацијата во здравството.

„Човекот нема никаква врска со здравството. Дигитализацијата е важна, но многу поважна е грижата за здравјето на граѓаните. Господине Мицкоски, јас би ви предложил да заминете во Кочани – кај родителите и сите повредени деца и млади во трагичниот случај – и да им кажете: ’не се грижете, не е важно што нема соодветна нега за нивните повреди, не е важно што немаат соодветни услови за лекување, не е важно што нема стручен медицински персонал, што немаат соодветни ракавици, што за основни материјали мора да се снабдуваат со донации – важно е што наш приоритет ќе биде дигитализацијата на здравството“, рече Талески.

Тој потенцираше дека овој предлог на владејачката коалиција е срамен, а премиерот на сите дискусии од денешната седница се спротивставува со ароганција, навреди, омаловажувања, закани и негирања

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...