22 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаВладата ја зголемила платата на Стојанче Ангелов за 12.784 денари, сега изнесува...

Владата ја зголемила платата на Стојанче Ангелов за 12.784 денари, сега изнесува над 105.000 денари!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

*Објава на Фејсбук на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

<

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ, ПЛАТИТЕ РАСТАТ, САМО НЕ НА РАБОТНИЦИТЕ

Ако зголемувањето на платите на работниците кое им следува и кое изнесува 12,6% согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, како и потребата од зголемување на минималната плата на 500 евра и за 100 евра зголемување на останатите плати ќе ја зголеми инфлацијата, тогаш зголемување од 13,8% на платата на функционер веројатно исто така влијае на инфлацијата, но изгледа ја намалува ( друго образложение нема).

Во денешниот Службен весник објавена е Одлука со која платата на функционер избран од Владата е зголемена за 13,8% односно коефициентот од 2,24 се зголемува на 2,55, или точно онолку колку што има предвидено средства во буџетот за раст на платите оваа година.

Ако се има во предвид дека основица за пресметка на плата на избрани и именувани е просечната плата за претходната година, тогаш моите скромни познавања од математика велат дека :

41.239 ден. x 2,24 = 92.375 ден.

41.239 ден. х 2,55 = 105.159 ден.

Разлика од 12.784 денари зголемување на плата од 1 јуни 2025 година, или раст од 13,8% !

Секој заслужува зголемување на платата, но работниците заслужуваат повеќе од функционерите, а ако нема за зголемување на платите на работниците, како има за зголемување на платите на функционерите ?

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ велат дека за локалните избори имаат сигурна победа.

Денес, Претседателот на Демократската унија за интеграција, г‑дин Али Ахмети, свика редовна седница на Централното Претседателство, на која се разгледаа актуелните политички случувања во...

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...