26.9 C
Ohrid
четврток, јуни 12, 2025
ПочетнаМакедонијаОд 1-ви јануари полицијата трајно може да го одземе вашето возило, и...

Од 1-ви јануари полицијата трајно може да го одземе вашето возило, и ќе се користи за државните институции !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сејв сити системот ќе биде во функција од 1.1.2026 година и оние кои што сметаат дека можат да изиграваат нинџи на улиците во Скопје и на улиците низ македонските автопатишта, односно безобѕирно ќе управуваат моторно возило, трајно ќе се одзема возилото и од утредента ќе биде ставено во функција на Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјала, детска градинка Цветче итн., изјави синоќа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

<

Во гостување на МРТВ, Тошковски посочи дека казните за сообраќајните прекршоци ќе се добиваат на мобилен телефон и појасни дека доколку се работи за мал прекршок ќе треба да се плати само паричен надоместок, доколку е поголем прекршок, тогаш ќе треба да се оди на суд каде би била изречена и забрана за управување.

– На мобилен телефон ќе ви стигне порака дека сте направиле прекршок на тој и тој ден, „ве молиме упатете се до Министерството за внатрешни работи доколку сакате да ги добиете доказите или кликнете на веб страницата доколку сакате да ја видите сликата што ја имаме како доказ за вас“. Ќе се процесуира, доколку е мал прекршок ќе треба да се плати парична казна, ако е поголем прекршок ќе се оди на суд со забрана … Ме прашуваат „Ферари ако одземете што ќе направите со него“, велам ќе го дадеме на Детска градинка Цветче да се возат дечињата. Битно е дека ќе го одземеме возилото и тој што ќе управува безобзирно таков тип на моторно возило нема да го има повеќе, па да видиме со новото што ќе го купи пак ќе го прави истото, рече Тошковски.

На новинарско прашање поврзано со договорот кој Владата во мај годинава го потпиша за обновување на лиценца на софтвер за анализа на дигитални податоци, за кој опозицијата обвини дека ќе се користи за прислушкување, Тошковски рече дека лиценца за негово користење е добавена во 2021 година од неговиот претходник и дека софтверот не се користи за прислушкување, туку, како што појасни, се користи за екстракција на податоци од телефони во Одделот за форензика.

– Не знам зошто опозицијата не може да сфати дека со вакви брутални лаги, ниски обиди за манипулација, нечовечен пристап онаму каде што треба да има човечен пристап, не може да добијат позитивна енергија кај македонските граѓани. Овој софтвер е дониран од нашите меѓународни пријатели во 2014-2015 година и лиценца за негово користење е добавена во 2021 година од мојот претходник. Сега ние кога ја набавуваме лиценцата, прават теза дека истиот ќе се користел за прислушкување. Овој софтвер нема врска со прислушкување, туку истиот се користи од Одделот за форензика во делот на екстракција на податоци од телефони, рече Тошковски.

За бегството на поранешниот вицепремиер на државата Артан Груби, министерот вели „службеното патување на Артан Груби многу долго трае, но се надевам дека еден ден ќе заврши и ќе биде процесуиран од страна на органите на прогон“, додека пак, за бегствата на екс директорите на ЕСМ и Државна лотарија, Васко Ковачевски и Перпарим Бајрами, тој нагласи дека во иднина ќе има многу повеќе лица кои ќе бидат „кабает пред себе и македонските граѓани дека душмански и без осет го краделе македонскиот народ“.

Прашан за случајот со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, која го обвинува градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу за 150 дивоградби на територија на општината, и дали Арсовска пријавила во МВР дека добивала закани МВР, Тошковски рече „таква пријава од страна на градоначалничката не е доставена до МВР, но доколку во меѓувреме има пријавено сигурен сум дека се преземени соодветни чекори“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР до граѓаните: Бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција

☎️☎️ Известување ☎️☎️ Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција, се преземаат мерки за...

Епископот Партениј му честиташе на Георгиј за изборот на митрополит Дебарско-кичевски

Епископот антаниски г. Партениј му честиташе на Георгиј на изборот на митрополит Дебарско-кичевски. Почитувајќи ја одлуката на Светиот синод, нашето монашко братство, предводено од Старецот,...

Од новите осум вработени во Центарот за јавно здравје, ниту еден не е Македонец

Со хаш таг #РаботаНеСамоЗборови, директорот на Центарот за јавно здравје Мухамед Демири информираше дека има осум нови вработувања. „Вработени се осум нови Албанци“, пишува во...

Пецаков: По гравитационен пат 60% од територијата на општина Охрид ќе се снабдува со вода без да се потроши електрична енергија !!!

-Охрид долги години беше позната како општина која е една од најзадолжените заедно со Тетово и нашиот долг околу 2013 го достигна пикот и...