26.9 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаЕпископот Партениј му честиташе на Георгиј за изборот на митрополит Дебарско-кичевски

Епископот Партениј му честиташе на Георгиј за изборот на митрополит Дебарско-кичевски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Епископот антаниски г. Партениј му честиташе на Георгиј на изборот на митрополит Дебарско-кичевски.

<

Почитувајќи ја одлуката на Светиот синод, нашето монашко братство, предводено од Старецот, Епископот Антаниски г. Партениј, му упатува срдечни честитки на новоизбраниот и молитвени благопожелби за богоблагословено архипастирско служење, исполнето со просветление, мудрост и пожртвувана љубов кон Христовото словесно стадо“, се вели во објавата на Бигорскиот манастир.

На денешната седница на Светиот архиерејски синод, без ниту еден глас против, игуменот Георгиј беше избран за наследник на владиката Тимотеј кој беше на чело на оваа епархија.

Пред изборот на Георгиј за нов водач на Дебарско-кичевската епархија, на социјалните мрежи и низ повеќе градови се водеше неформална кампања и се организираа протести со барање токму епископот Партениј да биде назначен за митрополит на Дебарско-кичевската епархија.

Според информациите, наречението на новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски ќе се одржи на 12 јули 2025 година, на Петровден, во храмот „Св. Климент Охридски и Св. Пантелејмон“ на Плаошник.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со песни, пријатели и насмевки: „Бате Боле“ одбележа прва година Постоење

Денес „Ресорт Бате Боле“ одбележа една година од своето постоење – година исполнета со спомени, дружења и убави моменти. Атмосферата беше навистина свечена: полна...

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...