16.8 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаИгуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит Дебарско-кичевски

Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит Дебарско-кичевски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Неговото Високопреподобие игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е едногласно избран за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија на денешната седница на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

<

Тронот на Дебарско-кичевската епархија беше упразнет по упокојувањето на Митрополит Тимотеј во ноември минатата година. Денот на ракополагањето во епископски чин на новоизбраниот митрополит Георгиј ќе биде дополнително соопштен.

Биографија на митрополитот Георгиј (Ѓорѓевски)

Игуменот Георгиј е роден на 24 јули 1968 година во Скопје, како второ дете во семејството на Душан и Даница. По завршување на основното образование во 1982 година, се запишува на Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево, каде матурира во 1986 година како дел од деветнаесетта генерација

Високото богословско образование го продолжува на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде и дипломира. Во октомври 1990 година се враќа во Богословијата во Драчево како предавач на предмети како Свето писмо на Стариот и Новиот Завет, Црковнословенски, Старогрчки и Латински јазик, Црковно пеење и Теорија на музиката.

Во 1993 година започнува последипломски студии на Источниот институт во Регенсбург, Германија, а следната година заминува во Рим, каде во 1996 година магистрира, а во 2000 година докторира на Понтификалниот Универзитет „Грегоријана“ во Рим.

По враќањето во 1999 година, предава во Богословијата, а од 2001 година е професор на Богословскиот факултет во Скопје по предметите Вовед и Егзегеза на Светото писмо на Стариот завет и Библиска историја со археологија.

Од 2000 до 2010 година беше шеф на Кабинет на Архиепископот, а во периодот 2000-2007 година и секретар на Американско-канадската православна епархија.

Во периодот од 2010 до 2014 година ја извршува функцијата амбасадор на Република Македонија при Светата Столица во Рим.

По завршувањето на дипломатската служба, се враќа како професор, а од 2016 до 2023 година беше два мандати декан на Богословскиот факултет.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со песни, пријатели и насмевки: „Бате Боле“ одбележа прва година Постоење

Денес „Ресорт Бате Боле“ одбележа една година од своето постоење – година исполнета со спомени, дружења и убави моменти. Атмосферата беше навистина свечена: полна...

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...