22.9 C
Ohrid
недела, септември 14, 2025
ПочетнаМакедонијаБислимоски: Ќе има поскапувања на горивата и во Македонија ради конфликот меѓу...

Бислимоски: Ќе има поскапувања на горивата и во Македонија ради конфликот меѓу Израел и Иран.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран веќе се одразува на светските берзи, а ефектите ќе се почувствуваат и во Македонија, предупредува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. Според него, првичните цени на бренд нафтата утринава се зголемени за шест до седум долари, достигнувајќи 78 долари за барел, што е прв ваков скок по неколку месеци стабилни цени.

<

– Апсолутно ќе има влијанија. Ќе видиме како ќе се одрази во следните денови. За следната недела не очекувам драстични промени при носењето на одлуката за цените, но доколку трендот на високи цени продолжи, ќе има влијание и врз цените што ги плаќаат граѓаните во Македонија – изјави Бислимоски од Охрид, каде учествуваше на меѓународната конференција „Иднината на комуналниот сектор“.
Тој изрази надеж дека актуелниот скок е само краткорочен пик, слично како при почетокот на војната во Украина, кога цената на дизелот достигна 110 долари за барел, но подоцна се стабилизира.

– Се надеваме дека ова ќе биде само еден пик. Како што се случи со Украина, и тогаш имаше зголемување, па цените се стабилизираа меѓу 65 и 68 долари. Овој пат утрово е 78 долари – додаде тој.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...

Перчо Божиноски носител на листата на ВМРО ДПМНЕ за Советот на Општина Охрид

Перчо Божиноски ( актуелен Претседател на Советот на Општина Охрид ) ќе ја предводи листата за Совет на ВМРО ДПМНЕ на Локалните избори годинава...

Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга

Во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица...