32.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаПремиерот Мицкоски го отвори реконструираниот пат Охрид – Св. Наум- Вреден 11,7...

Премиерот Мицкоски го отвори реконструираниот пат Охрид – Св. Наум- Вреден 11,7 милиони евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од брегот на Охридското Езеро, премиерот Христијан Мицкоски денеска го пушти во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум, проект кој долго време беше запоставен, а кој сега значително ќе ја подобри поврзаноста и безбедноста во регионот.

<

Со инвестиција од 11,7 милиони евра, беа реконструирани 24,3 километри од патот, вклучувајќи целосна санација на коловозот, нова сигнализација, безбедносни огради и проширување каде што теренот дозволуваше. Заедно со тоа, се реализираа заштитни интервенции на ризичните косини со цел да се обезбеди долготрајност и сигурност на сообраќајот.

Овој пат не е само инфраструктурен проект, туку потврда за определбата на Владата да гради со план и визија, без многу галама, но со реални резултати“, истакна премиерот Мицкоски.

Во моментов се реализираат и други клучни инфраструктурни проекти во регионот, меѓу кои автопатот Кичево – Охрид, како и делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, и подготовките за Букојчани – Кичево, што значително ќе го подобрат транспортниот прстен во Западна Македонија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таа го тепала една недела, тој молчел – Скопјанец жртва на семејно насилство“

На 25.07.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж од Скопје пријави дека во временски период од 19.07.2025 до 25.07.2025, во семејниот дом...

На граничниот премин Табановце, скопјани се преставиле како дипломати со лажни документи !!

Лишени од слобода две лица на ГП „Табановце“ поради фалсификување исправа На 25.07.2025 во 14.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, од...

Мајчинска очајна потрага по 16-годишната Теодора Бабарчиќ – која се удави во водите на Вардар кај Градско

Очајна потрага по 16-годишната Теодора Бабарчиќ – исчезна во водите на Вардар кај Градско Се бара 16-годишната Теодора Бабарчиќ која вчера исчезна во водите на...

Државјани на Албанија сакале да ги подмитат вработените на граничниот премин Ќафазан.

На 25.07.2025 во 12.25 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Кафасан" при Регионалниот центар за гранични работи Запад, ги приведоа албанските...