26.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаМакедонијаЗошто младата борачка Андреа Нисева од Штип настапува за Бугарија, а не...

Зошто младата борачка Андреа Нисева од Штип настапува за Бугарија, а не за Македонија?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Изминатиот викенд се одржа Европско првенство во борење за кадети (У-17) во Скопје, а каде штипјанката Андреа Нисева го освои третото место, но наместо под македонско знаме и да ја претставува Македонија, Нисева настапуваше по знамето на Бугарија и го преставување нашиот источен сосед.

<

Телевизија М Нет испрати прашање до Министерството за спорт, зошто Нисева настапуваше под бугарското знаме, а не под македонското знаме, зошто младата борачка од Штип ја претставување Бугарија, а не Македонија.

Од министерството за спорт добивме одговор дека одлуката под кое знаме ќе настапува еден спортист е лична и ја носи самиот спортист, притоа како што истакнаа од министерството во нивниот одговор дека како институција не може да навлегуваат во личните одлуки на спортистите, но ќе работат да обезбедат подобри услови на спортистите и да нема ситуации кои би ги иницирале спортистите да одлучуваат и да изберат да настапуваат за друга држава.

„Министерството за спорт е запознаено со случајот на младата борачка Андреа Нисева која во изминатиов период, вклучително и на последното Европско првенство за кадети У17 што се одржа во Скопје, настапуваше под знамето на Бугарија. Во спортот, одлуката под кое знаме ќе настапува еден спортист е лична и ја носи самиот спортист, таков избор дозволуваат и правилата на меѓународните спортски федерации. Институциите се должни да создадат функционален и поддржувачки систем што ќе го задржи спортскиот потенцијал во државата. Министерството за спорт работи токму на тоа, да се обезбедат подобри услови за спортистите и да нема ситуации кои би ги иницирале спортистите да одлучуваат и да изберат да настапуваат за друга држава. Како институција не може да навлегуваме во личните одлуки на спортистите, наша должност е да се фокусираме на создавање стабилен спортски систем во кој младите ќе може да напредуваат во сопствената земја. Тоа е наш приоритет – преку подобрена соработка со националните спортски федерации, појасна регулатива да се обезбеди еднаков пристап, поддршка и можности за секој талентиран спортист“, велат од министерството за спорт.

Нисева е млада борачка од Штип која бележи големи резултати на меѓународно поле, а сега се подготвува за настап на Светското првенство во Грција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...