33.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаВо чест на Фросина Кулакова, „Изет Цури“ ќе доделува стипендија за студирање...

Во чест на Фросина Кулакова, „Изет Цури“ ќе доделува стипендија за студирање мода

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во чест на Фросина Кулакова, талентирана студентка по моден дизајн која трагично го загуби животот во сообраќајка предизвикана од несовесен возач, Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ каде таа студираше, најави основање на фондација што ќе го носи нејзиното име.

<

Фондацијата „Фросина Кулакова“ е инспирирана од семејството Кулакови и ќе има за цел да ја продолжи нејзината љубов кон модата и креативноста, поддржувајќи нови генерации талентирани дизајнери, велат од Институтот.

Фондацијата „Фросина Кулакова“ е инспирирана од семејството Кулакови и ќе има за цел да ја продолжи нејзината љубов кон модата и креативноста, поддржувајќи нови генерации талентирани дизајнери, велат од Институтот.

Преку оваа фондација, секоја година ќе се доделува стипендија која ќе овозможи на еден избран студент цела година студии на престижниот Меѓународен институт за мода „Изет Цури“ во Скопје. Подготовките за официјалното отворање на фондацијата се во тек, а повеќе детали за стипендијата ќе бидат објавени на 25 јуни, денот на раѓањето на Фросина, со цел нејзината инспирација и страст кон модата да останат вечни.

„Нека споменот на Фросина биде вечен и нејзината љубов кон модата мотив за идните генерации,“ стои во соопштението на Институтот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...

Жител на Чаир крадел струја од бандера, при што предизвикал пожар.

Пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој...