18.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаДоживотна казна затвор за Палчо, Видевски, Манев и Кешишев

Доживотна казна затвор за Палчо, Видевски, Манев и Кешишев

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Љупчо Палевски-Палчо, Боре Видевски и Велибор Манев се осудени на доживотен затвор за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорческа.

<

На секој од обвинетите поединечно им одредува доживотен затвор“, рече судијата Ивица Стефановски.

Изречена им е и ослободителна пресуда грабнувањето на Панче Жежовски.

„Обвинетите Манев, Видевски, Кешишев Палевски се особлодоуваат од обвинение дека на 22.11.2023 година околу 9 часот во Велес, обвинетите извршиле грабнување на Панче Жежовски за да го присилат да даде нешто, односно автомобил. Јавниот обвинител не докажа дека тие го сториле делото, а тоа да е надвор од разумно сомневање“, рече Стефановски.

Случајот започна во ноември 2023 година, кога Панче прво беше пријавен за исчезнат, а неколку дена подоцна и малолетната Вања. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември, во близина на Велес и кај местото наречено „Дупки“ во Бразда.

Обвинети беа пет лица – Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски, Велибор Манев и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања. Првите четворица се товарат за грабнување и двојно убиство, а Ѓорчевски за помагање при грабнување на неговата ќерка преку давање информации.

Обвинителството побара доживотна казна затвор за четворица од обвинетите, додека за Ѓорчевски соодветна затворска казна. Како клучни докази беа наведени снимки од безбедносни камери, признанија на дел од обвинетите, сведочења и материјални докази.
Извор: Скопје 1

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претрес кај директорка на училиште во Демир Хисар, полицијата бара на носилки да ја однесат во станица иако е на боледување

Вечерва во Демир Хисар се одвива драматична акција на полицијата по наредба на јавен обвинител, со цел претрес на автомобилот и семејниот дом на...

Крвава расправија во Штип: Жена го повредила сопругот со остар предмет

На 07.08.2025 во 23:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Б.Ј.(65) од Штип, постапувајќи по претходна пријава за...

Убиецот Димитар Спасов од Неготино, веќе не е во Бардовци

Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и одреди мерка притвор од 30 дена за 36-годишниот Димитар Спасов, осомничен за бруталното убиство...

Кој е угостителот С.З од Штип: ја уби мајка си, сопругата по три обиди за самоубиство почина на психијатрија , а татко му го...

Кој е угостителот С.З од Штип: ја уби мајка си, сопругата по три обиди за самоубиство почина на психијатрија , а татко му го...