33.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаАндоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација за дигитална лична карта и возачка дозвола. Од тој ден, граѓаните ќе можат да ја симнат тест-верзијата на овие документи и да ги користат за идни е-услуги.

<

Електронската лична карта и возачка дозвола, заедно со сите придружни услуги, ќе функционираат како електронски паричник – алтернатива на физичките документи. Грција е добар пример, но ние сме пред многу други балкански земји – изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Тој потврди дека денешното усвојување на пакетот закони за дигитализација во Собранието значи воспоставување на правна рамка по европски стандарди, усогласена со практиките на ЕУ.

Според Андоновски, националниот портал uslugi.gov.mk веќе брои над 6.300 активни корисници. Меѓу институциите кои активно ги користат услугите е и судството, каде веќе се прифаќа електронската потврда за неосудуваност.

– Час поскоро ќе го исклучиме стариот систем за изводи од матичните книги. Ќе остане само постапката преку uslugi.gov.mk. Ќе воведеме и „Електронско сандаче“ – граѓаните ќе добиваат известувања директно таму – рече министерот.

Андоновски најави и дигитален попис во 2026 година, нагласувајќи дека Владата веќе има формирано работна група за технички подготовки. Целта е, како што рече, да се врати довербата на граѓаните, особено по критиките од Уставниот суд кон пописот во 2021 година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...