13.9 C
Ohrid
сабота, септември 13, 2025
ПочетнаМакедонијаМинчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев, порачувајќи дека администрацијата не смее да биде заштитена зона.

<

Министерот за јавна администрација, Александар Минчев, денеска ги презентираше клучните резултати и реформски потези кои, како што рече, ја поставиле основата на новата култура на управување во јавниот сектор.

– Формирањето на Министерството за јавна администрација не беше бирократски потег. Тоа беше политичка порака. Порака дека веќе нема место за партиски вработувања, за нефункционални институции, за тајни договори и за неучење, изјави Минчев, нагласувајќи дека јавната администрација повеќе не смее да биде „заштитена зона за привилегирани поединци“, туку сервис на граѓаните.

Од клучните преземени мерки тој ги издвои корекцијата на Балансерот, односно методологијата за пресметка на етничката застапеност во јавниот сектор.

-Пресметката ја усогласивме согласно тогашниот актуелен Закон, врз база на реалната резидентна популација, а не по дотогашната пресметка на нерезидентно население, објасни Минчев.

Тој притоа соопшти дека дури 40 проценти од административците – или ништо не работат, или бараат начин како да не дојдат на работа.

-Тоа е мислам горе доле исто во сите институции. Една групација од 25, 30 отсто која го носи товарот на инстутуцијата и работи нон стоп. Втората групација од некаде 25 до 30 отсто која е вклучена во процесот но не го дава максимумот и третата групација која е 40 проценти и е
резултат на партиски етнички роднински вработувања и не работи ништо или се обидува да не дојде на работа. Овие кои што не работат сакаме да ги вратиме во процесот, да ги
едуцираме, да ги обучиме по нивна волја демократски да одберат каде да дадат допринос. Што значи нема веќе плата ако не работиш, порача Минчев – нешто чуено повеќепати досега, а не се применува.

Прашан за оптимизацијата на бројот на вработени во администрацијата, Минчев одговори
дека поради висината на платата, се помал е интересот за вработување во неа.

-Поради висината на платата, за која мораме да кажеме дека е несоодветна и мала, се соочуваме со тоа да нема интерес за вработување на млади во јавната администрација. Просекот на возраст е голем и се соочуваме со недостиг на кадар така што ќе дојдеме во ситуација во наредните 5 до 10 години да нема кој да работи, рече Минчев.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Враќањето на името Македонија тема на дискусија во Собрание, еве што одговори премиерот Мицкоски

На денешната седница бр. 68 на Собранието, пратеникот Скендер Реџепи упати прашање кон премиерот Христијан Мицкоски, објави 4NEWS.mk Реџепи го праша премиерот дали државен интерес...

Комбе со работници излетало на експресниот пат Штип – Радовиш, има загинати и повредени!

Утринава комбе што превезувало работници излетало од мостот на Балатилиска Река на експресниот пат Штип – Радовиш. Според првичните информации, во несреќата има загинати...

Марина од Неготино: Од трактор на село, до шлепер низ Европа

Марина Николова (38) од селото Пепелиште, Неготино, е една од ретките жени во Македонија која управува со шлепер и професионално вози низ Европа. Животот на...

Обвинетиот за Кочани, Шабан Салиу со зурли и тапани ја објави кандидатурата за градоначалник!

Вчера вечер министерот без ресор, Шабан Салиу, кој е обвинет за трагедијата во кочанската дискотека Пулс, ја промовираше својата кандидатура за градоначалник на општина...