33.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаМакедонијаПретседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо не работат, или бараат начин како да не дојдат на работа.

<

Се шокирав од изјавата на министерот Минчев, а претпоставував дека штом имате партиски вработувања, можно е тие да бидат само формални. Значи, имате вработен, но нема работа. Ама дека 40 проценти луѓе може да не работат, а да бидат вработени, тоа навистина не го очекував. Тоа не може ниту една економија, дури ни европска, таму тоа е и незамисливо… Значи, вие имате недостиг на ум, недостиг на работна сила, зашто тоа се фигури но не се движат, а од друга страна буџетот се празни. И оние кои сакаат да влезат и да работат, знаат и умеат, мора да си заминат точно поради ваквите“, рече Сиљановска-Давкова во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

Посочи дека токму од „бирократијата, од државната и јавната администрација“ зависи најмногу европската реформа, но оти не успеала ниту една.

„Ни една реформа не успеала. Не верувам дека имале политичка волја за европски промени луѓе кои дозволувале 40 проценти да земаат плата, а да не работат. Сте го виделе ли тоа некаде во некоја европска држава?“, рече претседателката.

Прашана што мисли за тврдењата на ДУИ откако не е на власт дека се намалуваат правата на Албанците, таа одговори дека е „логично некој кој бил 20 години во власт, и сега не е во власта, така да зборува, но на опозицијата ѝ личи да критикува“.

„Особено на опозицијата која предолго била на власт. Немам ништо против. бидејќи е тоа вербално, бидејќи не е со закани и со сили, сѐ уште. Доколку тоа се напушти, тогаш доаѓа до делегитимирање, зашто демократијата значи со мирни средства, со критика, со проекти, предлози и поинакви решенија ќе трагате по подобра сегашност и подобра иднина“, изјави Сиљановска-Давкова.

Како што рече, „доволно темни моменти се случија во оваа партија што беше своевидна демократска лекција“.

„Од црни листи до процеси, постапки итн., бегства во соседни држави на најголеми ‘демократи“. Не верувам дека некој ќе го ризикува политичкиот статус и можноста да биде фактор во процесот на одлучување, без оглед дали е тоа во власта или во опозицијата, за да посегне по употреба на сила или закана со сила. Не верувам, а се разбира и дека тоа никој нема да го прифати во Европската Унија“, додаде претседателката на државата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...

Грета Тунберг го посети градот Тетово

Во текот на посетата, шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со претставници од Општествено-културниот центар Тетово, ја посети и новата просторија во која центарот...

Охридското езеро одзеде уште еден човечки живот.

На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на...

Грaѓаните да бидат спокојни: Претседателот Гаши е добар и е отпуштен од болница.

Во врска со загриженоста за здравствената состојба на претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, од кабинетот дека по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника...