26.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаСДСМ: Додека ние бевме на власт, за 7 години, изгоре помалку шума...

СДСМ: Додека ние бевме на власт, за 7 години, изгоре помалку шума отколку само за една година откако е ВМРО власт

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владата повторно ги остави граѓаните сами да се борат со пожарите, гледаме катастрофална неподготвеност на институциите, се вели во соопштението од СДСМ кое го пренесуваме во целост:

<

Само еден ден откако завршија со ПР и сликање со импровизираните хермелини, реалноста им се удри од глава на Мицкоски и Ангелов. Минатата година изгореа речиси 10% од територијата на државата и тогаш СДСМ им беше крив за пожарите иако додека СДСМ беше на власт за седум години изгоре помалку шума тколку за една година на ДПМНЕ. Ветуваа дека ова лето „ќе бидат подготвени“, а денес ја гледаме истата неспособност, истата незаинтересираност и истата импровизација.

Цела година имаа да набават опрема, да вработат пожарникари и да го подготват системот. Наместо тоа, Владата ниту набави нови возила, ниту ги сервисираше постојните, ниту навреме обезбеди кадар. Наместо модерни возила, сега ги адаптираат старите армиски хермелини кои не можат ниту да пристапат на тежок терен. Само лани владата набавила возила за функционерите и администрацијата од неколку милиони евра. Наместо да вработат обучени пожарникари со достоинствени плати, дури сега, во средина на летото, нудат сезонска работа за 24.000 денари, импровизација која може да биде и опасна за луѓето.

Владата имаше пари за службени возила за администрацијата, за советници со плати од 100.000 денари, ама за противпожарните бригади не. Оваа неспособност има цена што сите ја плаќаме, горат шуми, се уништува имот и загрозени се животи. Го прашуваме Мицкоски, кој е крив оваа година за пожарите, повторно ли е СДСМ?

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: Почитувани граѓани! Сејфти фрст и честит Илинден!

Поранешниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, со својата карактеристична искреност и хумор, денес ја честиташе Илинденската слава на народот со зборовите: „Сејфти фрст и честит...

„Ворлд’с њуз“ од Сиднеј, во 1903: Грците, Србите, Бугарите, па и Ерменците се должници на Македонците

Во секоја војна за слобода што го означила напредокот на еманципацијата во југоисточна Европа, Македонците учествувале. Македонците се бореле рамо до рамо со Грците...

Градоначалникот Пецаков на литургија за Св. Илија во Велгошти: Нека е за многу години!

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес присуствуваше на утринската литургија по повод големиот христијански празник Св. Илија, во црквата „Св. Илија“ во Велгошти. „Нека е...

Ален Деребан: Денес го чествуваме Илинден – симболот на македонската борба, гордост и непокор!

Денес го чествуваме Илинден – симболот на македонската борба, гордост и непокор! Да се потсетиме на храброста на илинденците од 1903 и државничката мудрост на...