26.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаСтефковски: Еве ги доказите дека пожарот кај Смилковско Езеро дека е подметнат.

Стефковски: Еве ги доказите дека пожарот кај Смилковско Езеро дека е подметнат.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Постојат основани сомневања дека пожарот кој изби синоќа кај Смилковското езеро бил подметнат.

<

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, кој беше на местото на пожарот, изјави дека била опфатена широка територија и беа преземени мерки пожарот да не се рашири кон населените места и кон комплексот фабрики во Железара.

Стефковски на социјалните мрежи сподели дека постојан сомневања оти пожарот е подметнат. И градоначалникот на Бутел Дарко Костовски на Фејсбук објави дека пожарот е подметнат и дека има многу очевидци кои дале изјави во МВР, а на самата фотографија може да се забележат траги од изгорена гума и гумени нараквици.

И министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа по состанокот на Kризниот штаб во Владата, кажа дека сите вчерашни пожари биле ставени под контрола, но и дека има докази дека се намерно подметнати и распламтени.
Тој рече дека нема да ја загрозува предистрагата и да открива детали, но станало пресимптоматично што како се гасел еден, веднаш стартувал друг, па трет итн.
Центарoт за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 18 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни, а 4 се изгаснати. Од ЦУК велат дека ангажирани се припадници од Армијата, кои активно учествуваат во гаснењето на повеќе позиции.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: Почитувани граѓани! Сејфти фрст и честит Илинден!

Поранешниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, со својата карактеристична искреност и хумор, денес ја честиташе Илинденската слава на народот со зборовите: „Сејфти фрст и честит...

„Ворлд’с њуз“ од Сиднеј, во 1903: Грците, Србите, Бугарите, па и Ерменците се должници на Македонците

Во секоја војна за слобода што го означила напредокот на еманципацијата во југоисточна Европа, Македонците учествувале. Македонците се бореле рамо до рамо со Грците...

Градоначалникот Пецаков на литургија за Св. Илија во Велгошти: Нека е за многу години!

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес присуствуваше на утринската литургија по повод големиот христијански празник Св. Илија, во црквата „Св. Илија“ во Велгошти. „Нека е...

Ален Деребан: Денес го чествуваме Илинден – симболот на македонската борба, гордост и непокор!

Денес го чествуваме Илинден – симболот на македонската борба, гордост и непокор! Да се потсетиме на храброста на илинденците од 1903 и државничката мудрост на...