27.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаФирма со 5 вработени за 163.000 евра ќе гради тротоари и улици...

Фирма со 5 вработени за 163.000 евра ќе гради тротоари и улици во Делчево

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фирма со 5 вработени за 163.000 евра ќе гради тротоари и улици во Делчево
.

<

Фирмата „Атеа Фемили“ ДООЕЛ од Делчево, со само пет вработени, добила тендер од Општина Делчево вреден 163.222 евра за изградба и реконструкција на улици, тротоари и патеки на територијата на општината.

Според договорот, објавен на Електронскиот систем за јавни набавки, изведувачот е должен да започне со градежните активности во рок од 20 дена од денот на добиената нарачка, а доколку се работи за изградба на улици со должина до 200 метри, тие мора да бидат завршени во рок од 60 дена.

Ова не е прв пат фирми со ограничен број вработени и капацитети да добиваат јавни набавки од општините, што често ја отвора дебатата околу капацитетот за навремена и квалитетна реализација на проектите, но и транспарентноста на самите постапки.

Во моментот, не е познато дали „Атеа Фемили“ планира да ангажира подизведувачи или дополнителна работна сила за реализација на договорот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претрес кај директорка на училиште во Демир Хисар, полицијата бара на носилки да ја однесат во станица иако е на боледување

Вечерва во Демир Хисар се одвива драматична акција на полицијата по наредба на јавен обвинител, со цел претрес на автомобилот и семејниот дом на...

Крвава расправија во Штип: Жена го повредила сопругот со остар предмет

На 07.08.2025 во 23:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Б.Ј.(65) од Штип, постапувајќи по претходна пријава за...

Убиецот Димитар Спасов од Неготино, веќе не е во Бардовци

Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и одреди мерка притвор од 30 дена за 36-годишниот Димитар Спасов, осомничен за бруталното убиство...

Кој е угостителот С.З од Штип: ја уби мајка си, сопругата по три обиди за самоубиство почина на психијатрија , а татко му го...

Кој е угостителот С.З од Штип: ја уби мајка си, сопругата по три обиди за самоубиство почина на психијатрија , а татко му го...