Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура низ светот, доживеа трогателна и по многу нешта симболична сцена во Скопје.
<
Имено, за време на негов престој во главниот град, Јанко се возел со такси, но кога стигнал на дестинацијата, таксистот одбил да му наплати за возењето.
„Ви благодариме што ја ширите македонската култура“, му рекол возачот, со насмевка и искрена почит.
Овој гест е уште една потврда дека Јанко не е само гостин во Македонија – туку пријател, брат и амбасадор на македонскиот дух. Неговата љубов кон нашата земја и јазик го трогнува секој Македонец, а ваквите моменти покажуваат дека таа љубов е возвратена.