Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Информацијата за неговата хоспитализација ја потврди директорот на клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, за Скопје1. Тој изјави дека Гаши бил примен нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија.
Пациентот беше примен поради претплет на цревата. Состојбата внимателно се следи, а за сега не е планирана хируршка интервенција. Се третира со медикаментозна терапија и е под постојан лекарски надзор“, ни изјави проф. д-р Костовски.
Засега нема официјални информации за тоа колку долго ќе остане на болничко лекување и дали неговата здравствена состојба ќе влијае на неговите активности како претседател на Собранието.