На улица „Прохор Пчински“ во Велес, вчеравечер, патничко возило „фолксваген“ со радовишки регистарски ознаки, удри во ѕид од куќа, го проби и им влезе во соба на сопствениците. Возачот Е.В.(23) од Радовиш избегал од местото на незгодата. Тој бил пијан и немал дозвола за возење на автомобил. Нема повредени членови на семејството туку причинета е голема материјална штета. Случката е пријавена во полиција.
„На 23.07.2025 година, во 19:55 часот на улица „Јордан Џурнов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Е.В.(23) од Радовиш. По преземени мерки, возачот и возилото биле пронајдени, при што било констатирано дека Е.В бил под дејство на алкохол, односно имал 1,92 промили алкохол во крвта, а возилото го управувал пред да се стекне со право на управување со моторно возило. Е.В. бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.Мк