14.9 C
Ohrid
вторник, септември 9, 2025
ПочетнаМакедонијаСе бараат 300 невработени да се грижат за стари, но и асистенти...

Се бараат 300 невработени да се грижат за стари, но и асистенти за деца за плата од 28.000 денари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја презентира новата мерка од оперативниот план за 2025 година – програмата „Општинско корисна работа“, со која се предвидува ангажман на 300 невработени лица за обезбедување социјални и здравствени услуги на локално ниво.

<

Програмата не е наменета за комунални работи, туку за директна поддршка на ранливите категории граѓани вклучувајќи стари лица, лица со попреченост, како и деца од социјално загрозени семејства. Предвидените услуги опфаќаат дневна грижа, помош во домашни услови, поддршка за независно живеење, како и образовни и лични асистенти за деца.

Јавниот повик трае до 8 август 2025 година и е наменет за општините и за градот Скопје. Невработените што ќе бидат вклучени ќе добиваат бруто-надоместок од 28.000 денари месечно во период од 18 месеци, со тоа што првите шест месеци ќе бидат финансирани од државата, а преостанатите од локалната самоуправа.

Министерот Дурмиши информира и за зголемување на буџетот за активни мерки за вработување од 16,08 милиони евра на 23,57 милиони евра, како и за зголемениот опфат на корисници – за 815 нови лица во програмите за самовработување.

Со оваа програма не само што отвораме врати за нови вработувања туку градиме и посолидарно општество. Услугите што ќе ги добиваат ранливите категории се од суштинско значење за нивниот секојдневен живот, а истовремено невработените добиваат шанса за стабилен приход и професионален развој“, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Осудениците ќе учат земјоделие: Затворите ќе им доделат земјиште за обработка”

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска потпиша Меморандум за соработка со В.Д директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов. Меморандумот...

Тргни застани: „Деца и пензионери во страв на пат кон Македонија, поради проблем со автобус”

Група македонски туристи вечерва со страв се враќаат од празнична посета на Истанбул. Причината е што автобусот на агенцијата „Ганиќ ексклузив“ постојано прегрева, па мораат...

Вучиќ се сретна со Џеки Чен.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, се сретна со познатиот холивудски актер и нов амбасадор на брендот EXPO 2027, Џеки Чен. По тој повод, Вучиќ...

Ако може на албански да зборам:„Вицепремиерот на Мицкоски одби да одговара на македонски јазик”

Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој е дел од ВЛЕН и коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во Владата, денеска одби да одговори...