33.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаМакедонијаВо спомен на починатата сопруга, музичарот Мики и оваа година ќе доделува...

Во спомен на починатата сопруга, музичарот Мики и оваа година ќе доделува бесплатни ранци и школски прибор за ранливите категории во Македонија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кавадаречкиот музичар Мики Тралала и годинава, по вторпат пред почетокот на училишната година ќе израдува голем број на деца – ученици од социјално загрозени семејства. Ќе им донира училишни ранци и прибор, со цел почетокот на школската година да го дочекаат со радост и да не се чувствуваат поразлични од своите врсници.
Неговата иницијатива ,,Секое дете заслужува исти можности” за првпат беше реализирана лани, кога јавно ги повика сите на кои им е потребна помош да го контактираат на социјалните мрежи, а потоа спонтано, иницијативата прерасна во нешто поголемо, бидејќи голем број на граѓани посакаа да се вклучат со своја донација.
На крај, беа поделени 300 училишни ранци и прибори на деца на самохрани родители, и на деца чии семејства се од социјален ризик.

<

Се надевам дека годинава иницијативата ќе има уште поголем одек, бидејќи добар дел од јавноста веќе слушна за неа. Не станува збор само за донации на ранци и училишен прибор за деца од Тиквешијата, туку доколку се соберат повеќе материјали, истите ќе бидат испратени на било кој крај во земјава.
Затоа, ги замолувам сите на кои им е потребна донација во вид на ранец и прибор, како и сите оние кои сакаат да се вклучат со своја донација, да ме контактираат на социјалните мрежи, за да се организираме со време, вели Мики.

Инаку, оваа иницијатива музичарот ја започна неколку месеци откако почина неговата сопруга Тања Маџунков, со која во минатото заедно настапуваа како дуо Тања и Мики Тралала, а исто така беа иницијатори и организатори на низа на хуманитарни настани во Тиквешијата.
Тања почина на 33-годишна возраст по кратко боледување лани во јуни, и не дочека да го испрати нивниот син на првиот училишен ден. Токму поради тоа, а и поради аманетот кој и го дал на сопругата, дека ќе продолжи со нивната мисија, секогаш кога може да помага, Мики ја започнал акцијата со ранците.

-Тања беше многу емотивна, срцето и се кршеше кога ќе видеше дека некое дете живее во немаштија, и постојано кажуваше дека најмногу би сакала сите деца да растат со исти можности. Токму поради тоа и настапувавме хуманитарно безброј пати на матурски забави, купувавме облека за матуранти чии семејства тоа не можеа да си го дозволат, сакавме да дадеме свој придонес за некому да му ја разубавиме забавата и да направиме тие матуранти да се почувствуваат посебно, се сеќава Мики.

Минатата зима тој започна и со акција за собирање на топла облека и обувки за деца од социјално загрозени семејства, а се најде и во улогата на организатор на хуманитарни музички настани во градот, реализирани со цел да се соберат пари за лекување на негови сограѓани.

Сега, во пресрет на новата училишна година, јавно ги повикува сите на кои им е потребна помош, но и сите оние кои сакаат да се вклучат како донатори, да го контактираат, за повторно да израдуваат голем број на ученици.

Вики Клинчарова. .Вики.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охридското езеро одзеде уште еден човечки живот.

На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на...

Грaѓаните да бидат спокојни: Претседателот Гаши е добар и е отпуштен од болница.

Во врска со загриженоста за здравствената состојба на претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, од кабинетот дека по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника...

Николоски: До крајот на септември ќе избереме изведувач за автопатот Скопје-Блаце, а за две ипол години ќе го изградиме

Изминативе девет месеци засилено работиме со Европската банка за обнова и развој на постапките за доизградба на автопатот Скопје-Блаце. Имаме фиксен рок до 30...

Давкова бара сериозна акција против принудувањето на жените на проституција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Тетово на новинарско прашање ја коментираше вчерашната ситуација кога беше спречено самоубиство на жена која била принудувана на проституција. Ранливоста...