16.8 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаВечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

<

Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу полицијата и граѓаните – овојпат покрај Охридското Езеро, со порака на блискост, доверба и заедништво.

Нашата цел е секој граѓанин одблиску да се запознае со капацитетите на македонската полиција, со луѓето кои секојдневно, тивко и посветено се на првата линија – за да обезбедат безбедност, мир и сигурност за сите.
Градењето на мостови меѓу полицијата и заедницата не е само наша стратегија – тоа е наш патриотски повик. Само заедно можеме да изградиме општество ослободено од страв, девијантни појави и криминал.

Во рамките на настанот, беше изведена симулациска вежба според однапред подготвен сценарио: евакуација и спасување на лица од пловило зафатено со оган, вклучувајќи и медицинска помош. Во вежбата учествуваа припадници на Езерската полиција, САЕ „Тигар“, СВР Охрид, Црвениот крст, Нуркачки клуб Амфорс, ЦУК, ДЗС, Противпожаран служба Охрид и медицински тим од Итната помош Охрид. Ова беше реален тест на подготвеноста и заедничката реакција во ситуација кога навистина ќе биде најпотребно.

Ние не сме тука за да владееме – тука сме за да служиме.
Тука сме кога е најтешко. Со народот. За народот.
Безбедноста не е само наша професија.
Таа е наша обврска, наша чест и наша мисија.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со песни, пријатели и насмевки: „Бате Боле“ одбележа прва година Постоење

Денес „Ресорт Бате Боле“ одбележа една година од своето постоење – година исполнета со спомени, дружења и убави моменти. Атмосферата беше навистина свечена: полна...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...

Таа го тепала една недела, тој молчел – Скопјанец жртва на семејно насилство“

На 25.07.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж од Скопје пријави дека во временски период од 19.07.2025 до 25.07.2025, во семејниот дом...