Голем инцидент го одбележа финалето на Европското првенство за кадети во бокс, кое се одржуваше на Златибор, Србија. Македонскиот судија Стефан Цубалевски бил физички нападнат од страна на тренерот на азербејџанската репрезентација, пред очите на бројна публика, објави 4NEWS.mk
Инцидентот се случил за време на финалниот меч во категоријата до 75 килограми, помеѓу Јусуф Агакишијев од Азербејџан и Виктор Мајсторовиќ од Србија.
Според сведочењата, тренерот на азербејџанскиот боксер најпрво вербално го нападнал Цубалевски, незадоволен од судиската одлука, по што влегол во рингот и физички го нападнал, при што го давел и го удирал, објави 4NEWS.mk
Настанот се случил пред полни трибини, исполнети со млади гледачи и учесници, што дополнително ја зголемило тежината на инцидентот.
Натпреварот бил веднаш прекинат, а боксерот од Азербејџан дисквалификуван. Златниот медал му бил доделен на српскиот боксер Виктор Мајсторовиќ.