Битолчанецот Бујар Салиу, долгогодишен полициски службеник е новиот Помошник началник на СВР Битола, односно заменик на началникот на СВР Битола – Сашо Мирчески. Информацијата за Апла.мк ја потврди прес службата на СВР Битола. Од таму велат дека Салиу со решение на МВР на 24.7.2025 е поставен на местото Помошник началник на СВР Битола.
<
Тој доаѓа од местото инспектор за ЈРМ и превенција при полициското одделение Велушина. (А.Б)