19.7 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаНиколоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид. Мислам дека треба да се отвориме кон овој свет, има доста можности и простор за соработка, рече Николоски во гостување во емисијата „Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5.

<

Вицепремиерот и министер за транспорт Алексндар Николоски потврди дека сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол бил во Скопје, Попова Шапка и Охрид за да ги разгледа можностите за инвестиции.

Како што рече денеска Николски, по посетата на владиниот тим на Обединетите Арапски Емирати на средината на април годинава од таму веќе доаѓаат инвеститори во Македонија и има доста можности и простор за соработка.

Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид. Мислам дека треба да се отвориме кон овој свет, има доста можности и простор за соработка, рече Николоски во гостување во емисијата „Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5.

На средбата на Николоски со претседателот на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Абу Даби, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, како што објави тој претходно, биле отворени теми и можности за силна соработка во повеќе сектори, транспортот и инфраструктурата, туризмот, земјоделството и енергетиката. Тој тогаш соопшти и дека договараат летови со Ер Арабија.

Имаме бројни средби ќе потпишеме неколку договори за економска соработка. Зборуваме и за директно спојување, веќе имаме договор со Флај Дубаи за лет Дубаи – Скопје кој наскоро треба да започне, а зборуваме и со Ер Арабија за отворање на најмалку два лета од кој еден се надевам дека ќе биде кон охридскиот регион со што дополнително би се развил туризмот, изјави Николоски на 15 април годинава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка попладнево со седумчлен екипаж слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.

-„Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје. Утре наутро ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна“,...