25.9 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаПредлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат...

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот на Синдикати на Македонија. На Еконономско-социјалниот совет не бил прифатен предлогот на синдикалците, бидејќи работодавачите не биле подготвени да разговараат за минималната плата. Првиот човек на ССМ Трендафилов вели дека дури биле искарани дека многу барале. А, имало и обвинувања дека барањата им се политички.

<

За жал големо разочарување, нема изгледи за зголемување на минималната плата. Тоа што го слушнавме внатре е дека ССМ многу барал, дека работниците многу бараат и дека доста ни е, и дека со тие плати треба да бидеме среќни што ги добиваме. Морам да кажам дека се обидоа да не искараат во Влада затоа што многу сме барале за работниците. Работодавачите, за жал, сметаат дека нема простор за зголемување на минималната плата во Македонија и дека доволно ги плаќаат работниците, и сметаат дека работниците не се продуктивни. Колку нѐ плаќаат, толку сме им продуктивни“, вели Слободан Трендафилов.

Трендафилов рече дека работниците во државава најверојатно ќе останат со најниска плата во регионот која е под дното како што кажа, бидејќи е краток периодот до распишување на локалните избори кои треба да се одржат во октомври. До средината на идниот месец ќе имаат седница на Претседателството и на Советот на ССМ каде што ќе се одлучува што ќе преземат.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати рекоа дека поддржале точката за минималната плата да се стави на дневен ред, но работодавачите не дозволиле да се гласа.

„За жал она што ние го зборевме изминатите години, урнисувањето на социјалниот дијалог и на Економско социјалниот совет, носењето на такви деловници за работа, работодавачите не дозволија да се гласа и да се донесе било каков заклучок под изговор дека не се спремни да разговараат за минималната плата“, вели Благоја Ралповски.

Владата пак останува на ставот дека остава да се договорат работодавачите и синдикатите бидејќи не можеле да држат страна. Напоменаа дека сепак се покачени платите во дел од јавната администрација.

„Треба да имаме предвид дека ние нема да ги водиме политиките како што ги водеше претходната власт, поради тоа што треба да ја видиме и продуктивноста на работата. Не може да се доведеме за ад хок покачување на минималната плата, за на другата страна да имаме инфлација како што беше порано 15 проценти, 10 проценти. Нашите политики се инфацијата до крајот на годината да биде до 3 степени. Затоа што се грижиме за животниот стандард на граѓаните“, вели Бесар Дурмиши.

На седницата била усвоена и методологијата по која ќе се пресметува владината потрошувачка кошничка. А нова седница на Економско-социјалниот совет треба да се одржи до крајот на неделава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ЛЕВИЦА алармираат: Македонци се впишуваат како Роми за наводна социјална помош

Левица алармира за сериозен случај на злоупотреба на државни средства и етничка манипулација во општина Пробиштип, поврзана со програмите за вработување и социјална инклузија....

Мачорот Тито од охридските улици замина да живее во Мичиген

Гладен, жеден, под ведро небо, на горештини, ветрови, студови и дождови. Ваков е животот на големиот број улични животни во земјава. Но...

Општина Пловдив ќе му додели 10.000 евра на Љубчо Георгиевски

Градот Пловдив ќе донира 10.000 евра на бугарскиот културен клуб „Една роза" во Битола, Република Северна Македонија. Одлуката беше донесена денес од страна на...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...