13.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаМакедонијаОд ЛЕВИЦА алармираат: Македонци се впишуваат како Роми за наводна социјална помош

Од ЛЕВИЦА алармираат: Македонци се впишуваат како Роми за наводна социјална помош

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Левица алармира за сериозен случај на злоупотреба на државни средства и етничка манипулација во општина Пробиштип, поврзана со програмите за вработување и социјална инклузија. Станува збор за класичен пример на организиран предизборен поткуп и фиктивни вработувања, кои директно го оштетуваат државниот буџет и го нарушуваат интегритетот на јавните институции!

<

Главна фигура во овој скандал е Илија Петковски – Џани, поранешен и актуелен раководител на подрачната канцеларија на Агенцијата за вработување во Пробиштип, кадар на СДСМ, кој сега преку коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повторно е дел од раководството. Само на последниот јавен повик за вработување по основ „Невработени Роми” се вработиле 40 лица регистрирани како Роми, иако според пописот од 2021 година, во Пробиштип живеат вкупно 104 припадници на ромската заедница. Тоа значи дека со еден повик, Џани „вработил“ 40% од целото ромско население во општината – бројка што е очигледно нереална и алармантно сомнителна, наведува Левица!

Посочуваат и дека според анализата на имињата и презимињата на добитниците на позициите, не станува збор за припадници на ромската заедница, туку за Македонци кои се лажно регистрирани како Роми за да добијат наводна „социјална помош“.

-Ова е само последен во низата случаи што укажуваат на систематско трошење на народни пари за партиски цели. Според нашите информации, во последните 2-3 години преку овие злоупотреби се извлечени над 300.000 евра од буџетот, велат од Левица.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Светски гигант од рангот на „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Можеби некој не успеа да ги донесе „Гугл“ и „Фејсбук“, но многу веројатно еден голем светски бренд ќе купува електрична енергија поризведена во Македонија,...

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците

Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот – како што се лицата кои возат без...

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје.

Попладнево ококу 16 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот од Тетово кон Скопје во која животите ги загубија три лица. Според првичните информации...

Мицкоски: Подобри сме од многу земји во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот

Македонија во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот е подобра од Португалија, Грција, Црна Гора, Кипар, Малта, Албанија, Србија, Унгарија, Чешка,...