Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на осудени лица по повод 2 Август – Илинден, националниот празник на Македонија, објави 4NEWS.mk
<
Со одлуката, четворица осуденици се целосно ослободуваат од понатамошно издржување на казната затвор:
Раде Здравко Јовановиќ од с. Криволак, Општина Неготино.
Алберт Тарзан Алиевски од Кавадарци
Николчe Љубе Костадиновски од Куманово
Зејадин Сали Мифтари од с. Черкезе
Делумно помилување, односно намалување на казната затвор, добија уште четворица осуденици:
Емир Надир Јонузи од с. Слатино, Тетово – за 3 месеци
Коле Петре Талевски од Битола – за 3 месеци
Чушков Јордан Сашо од Велес – за 3 месеци
Исмаили Џелал Јетмире од Гостивар – за 6 месеци.