Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки на увозни давачки од 10% до 41% почнувајќи за седум дена за 69 трговски партнери.
Новите царини на Трамп ги опфатија и Македонија и земјите од регионот. Стоките од нашата земја ќе се царинат со стапка од 15 отсто, од Србија 35 отсто, од Босна и Херцеговина 30 отсто, додека земјите од Европската Унија со 15 отсто.
Наредбата на Трамп вклучува и 35 отсто царина за многу стоки од Канада, 50 отсто за Бразил, 25 отсто за Индија, 20 отсто за Тајван и 39 отсто за Швајцарија.
Некои од државите постигнаа договори за намалување на царините, а други немаа можност да преговараат. Трамп направи исклучок за некои стоки испратени во текот на следната недела. Стоките од сите други земји кои не се наведени во одлуката ќе подлежат на данок на увоз од 10 отсто од САД. Трамп претходно изјави дека таа стапка може да биде повисока.