На 122-годишнината од Илинденското востание, на симболичниот Мечкин Камен, Елена Гули, единствената жива внука по крвна линија на легендарниот војвода Питу Гули, сведочи за животот и борбата на својот дедо, чие име остана врежано во македонската историја како симбол на пожртвуваност и непокор.
iNFOMAX
Насловна / Македонија
Објавено на: August 2, 2025
Елена Гули: Ја носам последната капка крв од Питу Гули. Горда сум на тоа. И не барам ништо од никого.
t
На 122-годишнината од Илинденското востание, на симболичниот Мечкин Камен, Елена Гули, единствената жива внука по крвна линија на легендарниот војвода Питу Гули, сведочи за животот и борбата на својот дедо, чие име остана врежано во македонската историја како симбол на пожртвуваност и непокор.
Promoted Content
Пронајден „убиец“ на потенцијата! Мажи, не го јадете ова
More…
640
160
213
На 85 години, Елена Гули гордо ја раскажува семејната историја. Таа е ќерка на Стерју, најмалиот син на Питу Гули, и единствен директен потомок. За своето семејство вели дека никогаш не се откажало од идеалите за слобода, а за својот дедо зборува со почит и непоколеблива гордост.
„Дедо ми знаел дека ќе загине, но не отстапувал. Сите жртви ги поднесол за слободна Македонија“, вели Елена. Потсетува дека Питу поминал седум години во турски затвор во Анадолија, каде што останал со трајни последици на нозете, но тие не го спречиле да продолжи со револуционерната борба.
Животот на Питу бил исполнет со движење, организирање чети, помош на сиромашните и собирање востаници од сите делови на Македонија. По средбата со Гоце Делчев во Штипско, кој го предложил како војвода за Крушево, Питу добива централна улога во подготовките за востанието.
„Сметам дека дедо ми бил во право што барал востанието веднаш да се крене. Не можело повеќе да се трпи. Имало премногу зулуми. Тоа беше единствениот избор – борба и слобода“, вели Елена.
Таа се присетува и на лични семејни приказни – како Питу оставал пушки во Кичево за своите потомци, како со сиромашните делел сѐ што имал, и како храбро влегувал во судири со турските власти. „Темпераментен бил. И јас сум на него“, додава со насмевка.
И покрај тешкиот живот, таа останува горда и достоинствена: „Ја носам последната капка крв од Питу Гули. Горда сум на тоа. И не барам ништо од никого.“
Елена Гули е задоволна од почитта што државата ја покажува кон нејзиниот дедо, особено што неговото име е вградено и во националната химна. На младите им порача да останат во Македонија и да се борат – како што се бореле нејзините предци.
Извор: nezavisen.mk