На 03.08.2025 во 00:15 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид од слобода го лишија (37) од Валандово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „geely“ со скопски регистарски ознаки, што тој го управувал и притоа констатирале дека возел под дејство на алкохол, односно биле утврдени 1,83 промили алкохол во крвта. (37) веднаш е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување моторно возило“.
<