20.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаРВР бренд му подари уникатни патики на Џејсон Деруло

РВР бренд му подари уникатни патики на Џејсон Деруло

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Светски познатиот пејач Џејсон Деруло, по повод својот прв концерт во Македонија, доби ексклузивен и персонализиран подарок – рачно изработени Nike Air Force 1 патики од македонскиот дизајнер Филип Арсовски, познат по својот бренд @rvr.brand.

<

Патиките се вистинско уметничко дело, со впечатливи бои и симболи што го спојуваат урбаниот стил со културна содржина. Доминираат црвено-портокалови нијанси, леопардов дезен, како и внимателно изработени детали инспирирани од кралска тематика и македонскиот идентитет, вклучувајќи го и сонцето симболично вметнато на петицата.

Деруло беше видно импресиониран од оригиналноста и квалитетот на подарокот, кој совршено го отсликува уникатниот пристап на Арсовски во неговата работа.

Филип Арсовски, кој веќе има изработено патики за бројни светски ѕвезди, станува сè попрепознатлив на меѓународната сцена со својот препознатлив стил и внимателно изработени детали. Преку својот бренд @rvr.brand, тој успешно ја пренесува македонската креативност и енергија на светскиот моден и уметнички пејзаж.

Со своите дизајни, Филип Арсовски покажува дека од Македонија може да се создава уметност која ќе допре до глобалната публика и ќе остави траен впечаток.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Михаилов: Едно запалено глувче, или запалена опашка на една лисица, може да го рашири пожарот !!

Заменик директорот на Национални шуми Кирил Михаилов во гостување во вестите на Сител изјави дека овие месеци видел сешто, па имало случаи кога запалено...

Поради енормна бучава, полицијата во Струга заплени „ламборџини“, БМВ и „ауди“

Четири патнички моторни возила за само два дена одзела струшката полиција поради предизвикување голема бучавост, при засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Возилата денеска...

„Секогаш ќе те сакам“: Ева Заева се прости од Душко Чифлиганец

Поранешната девојка на младиот бизнисмен Душко Чифлиганец, Ева Заева сподели емотивна објава на Инстаграм откако тој подлегна на повредите по мото трката во Чешка....

Лишени од слобода две лица од Дебар поради пукање на семејни веселби

Лишени од слобода две лица од Дебар поради пукање на семејни веселби На 04.08.2025 во 00:15 часот во Дебар полициски службеници од Полициската станица...