23.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаВикторија Трајков за Шило Магазин: „Да не бидеме туѓинци со туѓи пасоши...

Викторија Трајков за Шило Магазин: „Да не бидеме туѓинци со туѓи пасоши – време е за европска Македонија!”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ВИКТОРИЈА ТРАЈКОВ – ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА: Не сум човек што лесно се откажува од остварување на зацртаните цели!

<

ЛИЧНО & ПРИВАТНО

1. Како изгледа еден обичен ден на Викторија Трајков надвор од кабинетот – мајка, сопруга, ќерка, пријателка?

Накратко-динамично, но очекувано. Секогаш ние жените сме во трка со времето за да направиме баланс со обврските на работа и дома. Се обидувам да ги завршам сите мои приватни обврски, иако не секогаш тоа ми оди од рака. Како жена настојувам да стигнам да завршам се што сум зацртала во денот и благодарна сум што и моите блиски имаат разбирање за моите работни обврски. Денот ми почнува и завршува со семејството, кое ми е најголема поткрепа во животот.

2. Колку е тешко да се балансира семејството со јавната функција? Кој е вашиот извор на сила и поддршка?

-Извор на сила и поддршка ми е љубовта која ја добивам од блиските и секако нивната поддршка. Тоа ми дава мотив да одам понатаму. Без љубовта и поддршката од семејството нема успех и на другите полиња. Балансот е тешко да се постигне, но успевам да направам компромис со самата себеси дека понекогаш мора да ги жртвуваме моментите поминати со семејството за да се постигне друго, општо добро преку работата.

3. Ако не беше во политиката – што ќе работеше? Каде ја гледате себеси доколку животот тргнеше во поинаква насока?

-Академската кариера отсекогаш ми била и ќе ми биде предизвик, веројатно таму би се остварила повеќе. Го прифатив предизвикот за позицијата на која сум сега со цел да придонесам со моето знаење и искуство во сферата на евроинтеграциите и се надевам дека тој мој труд ќе се валоризира во напредок на нашата држава на патот кон ЕУ.

ОПШТЕСТВО & МРЕЖИ

4. Како реагирате на навредливите коментари и шеги на Твитер и социјалните мрежи, особено кога се шират невистини за вас?

-Сметам дека секој има право на свое мислење и коментар. На крајот, не може сите исто да размислуваме и да ни се допаѓаат исти нешта. Не можеш да ги спречиш луѓето да имаат поинакво мислење, но од друга страна, јас верувам во своите квалитети и верувам дека има тоа кој да го препознае. Невистини и оркестрирани напади има од одредени страни кои не можат да се помират со успехот на оваа Влада, но тој говор на омраза кон жените во поликата мора да запре!

5. Има ли момент кога сте посакале да се повлечете поради јавниот притисок или пак тоа ве мотивира уште повеќе?

-Не сум човек што лесно се откажува од остварување на зацртаното. Предизвици секогаш има, проблемот е во тоа да откриеш како да ги надминеш и да дојдеш до целта. Јавниот притисок е очекуван, но вреди да се вложи огромен труд за да се постигне одредена цел. Посебно кога се знае дека остварувањето на таа цел е исполнување на нашите децениски стремежи.

ПОЛИТИКА & ВИЗИЈА

6. Што е најголемиот предизвик како заменик министер за европски прашања? Каде „запнува“ Македонија на патот кон ЕУ?

-Најголемиот предизвик е кога имаш зацртана визија за својата земја, да сториш се што е во твојата моќ за да ја оствариш таа визија. Местото на Македонија е во ЕУ и ќе сториме се што е во наша моќ европскиот сон да го претвориме во реалност. Ги знаеме нашите црвени линии и од тоа не отстапуваме бидејќи заштитата на нашиот национален и културен идентитет за нас е светост. Иако реализацијата на реформските процеси останува како обврска за нас, сепак, недозволиво е на евроинтеграцискиот процес да се гледа низ призма на билатерализација на процесот.

7. Кои три работи мора да ги направиме како држава за да бидеме поблиску до Европа?

Многу пати досега е зборувано на оваа тема. За нас приоритет остануваат реформските процеси кои се клучни за евроинтеграциите, потоа многу важно е и зајакнување на капацитетите на институциите, а за да станеме дел од европското семејство најбитно ќе биде сите заедно да се обединиме околу оваа цел која е достижна и реална. Само здружени и обединети околу идејата за европска Македонија можеме да одиме напред.

8. Што би им порачале на младите кои масовно се иселуваат – како да ги убедиме да останат?

-Македонија е наш заеднички дом. Ние знаеме и можеме подобро, заедно со вас младите да ја градиме нашата држава во подобро место за живеење за сите нас. Тука сте свои на своето, а не туѓинци со туѓи пасоши и идентитети. На Македонија сме им потребни сите ние. Вашите квалитети како млади луѓе со просперитетни идеи можат да и обезбедат на нашата земја напредок и раст, каде ќе има место за секој кој умее, знае и може да придонесе за подобро утре.

9. Каде ја гледате Македонија за три години од сега? Со каква визија гледате на нашата иднина?
Мојата единствена визија за Македонија е час поскоро да стане дел од ЕУ, а за да се случи тоа мора целото општество да се обедини околу оваа идеја кон која сите се стремиме и е наша стратешка цел.

СТИЛ, ИЗГЛЕД & САМОУВЕРЕНОСТ

10. Често ве нарекуваат една од најзгодните и нај стилски жени во македонската политика – како гледате на таквите коментари?

-На секоја жена и годи комплимент. Секоја жена треба да се чувствува удобно во својата кожа, но да плени не само со својот изглед туку и со својата внатрешна убавина. Стилот кој ние дамите го градиме зборува за тоа колку посветуваме внимание за себе. Ако се почитуваме себеси, ќе не почитуваат и другите.

11. Колку време во денот одвојувате за себе – за изглед, спорт, нега, ментално здравје?

-Искрено, колку што ми дозволува времето и обврските. Некогаш повеќе, некогаш помалку, но се обидувам, како што кажав, да одржувам баланс со обврските. Сепак, не заборавам да одвојам барем малку време во текот на денот и на тоа поле.

12. Дали имате некоја утринска рутина или таен рецепт за енергија и самодоверба?

-Најдобриот рецепт е да верувате во себеси, да се почитувате и да инвестирате во сопственото знаење. Квалитетот секогаш е препознаен и признаен од другите. Верувам дека успехот не доаѓа случајно, туку преку напорен труд и работа. Сепак, како што кажав и на почетокот, за да се изградите во силна и цврста личност потребна ви е поддршка, а мојата најголема поддршка е семејството.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Душко Чифлиганец иако беше од најбогатите македонски семејства, беше тивок, скромен, и воспитан млад човек.

Иако беше дел од едно од најбогатите македонски семејства трагично загинатиот Душко Чифлиганец кој го загуби животот во мототрка во Чешка според луѓето со...

Адвокатот Шајн го извади Раста – патната исправа веднаш вратена !!

Српскиот рапер Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на Џејсон Деруло, е ослободен и си заминува за Белград – дознава...

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од...

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...