Шлепер излета од коловозот меѓу Требеништа и Мешеишта
<
Попладнево, на делницата меѓу селата Требеништа и Мешеишта, од трасата што се гради како дел од автопатот Кичево-Охрид, излета шлепер и се преврте покрај патот. Засега нема информации за повредени лица. Сообраќајот се одвива отежнато, а надлежните апелираат на зголемена внимателност, особено низ деловите каде што сè уште траат градежни активности.