Убиецот Димитар Спасов, кој пред 13 години ја уби мајка му, сега усмрти осуденик со кој престојувал во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци. За морбидниот чин искористил стаклено шише, а до инцидентот, според информации на „Скопје1“ дошло по кавга за легло. Во кругот на болницата, убиецот е познат како проблематичен пациент, со кој тешко се справувале и вработените.
Но и покрај ова, подолго време, Спасов бил гледан и низ Ѓорче Петров, што укажува дека тој слободно и без надзор ја напуштал установата. Иако бил чуван од полиција, истата била повлечена од правосудните органи, па тој слободно излегувал и се враќал во болницата. Низ скопските улици бил забележан со уште еден хоспитализиран пациент во Бардовци, кој исто така извршил убиство на член на неговото семејство.
За насилното однесување, сведочат и снимките кои сам ги споделува, на неговиот Фб профил.