Во Казнено-поправната установа Затвор Струмица денес се случи редок, но длабоко значаен хуман чин – првпат во историјата на установата беше законски регистрирано осудено лице кое моментално ја издржува затворската казна.
<
Церемонијата се одржа под покровителство на директорот на затворот, Зоран Ристов, и заменик-директорката Наташа Лазарова Донева. Тие нагласија дека секое човечко суштество, без разлика на неговиот статус, има право на идентитет и достоинство.
Со оваа регистрација, осуденото лице конечно се стекна со правен идентитет – предуслов за пристап до здравствени, образовни и социјални услуги, како и важен чекор кон успешна ресоцијализација.
По официјалниот дел, беше организиран симболичен свадбен ручек.