52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk
<
На својот Фејсбук профил објавил фотографија, на која се гледа и дел од неговата опрема. Во саботата нуркал во Македонија со пријател кој е локален жител. Откако Илија не излегол од водата, неговиот пријател го пријавил случајот кај властите.
Оттогаш, по Илија трагаат Црвениот крст, Езерската полиција и локалниот нуркачки клуб „Амфора“. Засега нема никаква трага од него.Фото тука
Според информациите од bTV, неговите траги се губат на длабочина од 89 метри.