Во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат Жаре Стеваноски.
Како што кажа претходно адвокатот на Лозановска по разговорот ќе побараат со полициска придружба да се направи увид во училиштето, зашто како што вели имале информации дека пред претресот во домот на Лозановска некој провалил во училишните простории.
На 8 август вечерта, полицијата направи претрес во домот на Лозановска барајќи го печатот од училиштето каде таа била директорка. Иако беше на боледување, полицискиот началник вечерта рече дека и на носилки ќе ја однесе на информативен разговор иако имаше налог само за претрес, а не и за нејзино лишување од слобода. Од МВР покренаа дисциплинска постапка против началникот. Инаку неколку денови претходно градоначалникот на Демир Хисар ја разрешил Лозановска, како што рече по налог на Просветниот инспекторат поради неправилности во работењето.
Фото: Телма
Извор: Телма