30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаOhrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до 30 август во Охрид. Оваа година фестивалот се одржува по трет пат.

<

Фестивалот е поделен во два сегменти, едниот социјално – едукативен, а другиот спортско – рекреативен.

Социјално – едукативната програма започнува на 27 август со изложба на Нуркачкиот центар Акватек и концер на групата „Фузија“. Следниот ден, 28 август, програмата започнува со изложбата „Видови риби во Охридско Езеро“, по што следуваат концерт на Распеано рибарче, промоција на пливачи на Охридскиот маратон и документарниот филм „70 години маратонско пливање“. На 29 август предвидени се настаните 30 години УНДП во С. Македонија и изложбата „Патување по синилото: Св. Наум до Радожда“.

Спортската програма започнува на 16 август со Меѓународен ватерполо турнир за ветерани, по кој следуваат Ред Бул падалинка, Меѓународна кајак регата, Меѓународен OWF пливачки митинг, Меѓународен тренинг камп во едрење, Меѓународна едриличарска регата, Охрид трчаТ акватлон, Куп во спортски риболов-Куп хранилка, СУП јога на вода, Меѓународна веслачка регата Охрид 2025, Регата со традиционални кајчиња, Меѓународно штафетно нуркање за мир, Запознај го едрењето, заштити го езерото, СУП маратон 33км околу езеро, Државно младинско првенство во пливање, Европски Меч Рејс Куп, СУП трки, Кајак регата Струга-Охрид и Охридскиот пливачки маратон на 30 август.

Сите настани од социјално-едукативнaта програма на Ohrid Water Festival ќе се одржат на „Кеј Македонија“, пред хотел „Палас“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...