Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските медиуми станува збор за 43 годишниот Дејанчо Лазаревски познат под прекарот Македонец. Според информациите тој е од Струмица.
Еден од убиените граѓани на Србија во Боливија е Миљан Ѓекиќ (38) од Ниш. Како што открива нашиот извор, втората идентификувана жртва е Дејанчо Лазаревски (43) познат како Македонец од Струмица во Македонија.
Третата жртва, за која се верува дека имала фалсификувани документи со себе, сè уште не е идентификувана – вели соговорникот. Да ве потсетиме дека се сомнева дека тројца мажи се убиени во конфронтација со нарко-картели во Јужна Америка.
Според медиумите, телата на тројца мажи биле пронајдени во црни најлонски кеси. Истражителите се сомневаат дека џелатите ги мачеле пред да ги застрелаат. Според нивните изјави, телата се предадени на обдукција.