28.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаТрипуновски: По 6 години застој се порибува Охридското езеро со околу милион...

Трипуновски: По 6 години застој се порибува Охридското езеро со околу милион единки на охридска пастрмка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денеска се наоѓам во Хидробиолошкиот завод – Охрид, поводот е порибување на Охридското езеро согласно договорот кој го склучивме во Министерството со Хидробиолошкиот завод – Охрид и Институтот за сточарство и рибарство согласно Програмата од 2024 година”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

<

„Обврската е да се пориби Охридското езеро со минимум 400.000 единки охридска пастрмка кои се одгледани во Хидробиолошкиот завод – Охрид, и 200.000 единки од Институтот за сточарство и рибарство”, додаде министерот.

Тој истакна дека е информиран од Хидробиолошкиот завод- Охрид дека иако минимумот беше 400.000 единки, сепак се одгледани 620.000 единки со кои ќе биде порибено Охридското езеро во наредниот период. Од Институтот за сточарство и рибарство информираа од минимум 200.000 единки одгледани се околу 350.000 единки на охридска пастрмка.

„Ова е показател дека по шест години застој продолжуваме со порибување на она што претставува наше најголемо богатство, а тоа е охридската пастрмка”, истакна министерот Трипуновски.

„Имаме зголемување на средствата во однос на Програмата за рибарство и аквакултура. Договорите за идната година склучени со Хидробиолошкиот завод – Охрид се од 3,3 милиони денари, додека со Институтот за сточарство и рибарство изнесуваат 1,7 милиони денари. Вкупниот број на риби кои што треба да бидат одгледани од страна на Хидробиолошкиот завод – Охрид се околу 1,1 милион единки со просечна тежина од 3 грама. Додека Институтот за сточарство и рибарство има обврска да одгледа околу 570.000 единки”, додаде министерот Трипуновски.

Тој посочи дека идната година Охридското езеро ќе се пориби со над 1,6 милиони единки. – „Како Министерство работиме да го одржуваме рибниот фонд“, заклучи министерот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангеловска: 11 часа по кандидатурата за градоначалник Центар, ми врачија кривична пријава !!

Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ангеловска, објави на Фејсбук дека 11 часа по најавата на кандидатурата двајца полицајци дошле да ѝ врачат кривична...

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар поради „одземање или уништување службен печат или спис“

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар поради „одземање или уништување службен печат или спис“ Денеска (15.08.2025) ОВР Демир Хисар...

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

Почитувана амбасадорка на САД, Почитуван министер, Почитуван началник на Генералштабот на македонската Армија, Почитувани припадници на македонската Армија, Драги гости, пријатели, За мене претставува голема чест и задоволство што...

Ова е 18 годишниот Македонец Андреј. Т, кого полицијата го бара за обид за убиство

Осумнаесетгодишен државјанин на Северна Македонија Андреј Т минатата недела се обидел да го убие Марко Љубиша, со прекар Кан (56), од Будва, соопшти Полициската...