16.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаТрипуновски: Прв пат слушам дека нема доволно јајца во маркетите

Трипуновски: Прв пат слушам дека нема доволно јајца во маркетите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во однос на информацијата што ја објавија некои медиуми, дека во маркетите нема доволно домашни јајца, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски истакна дека прв пат слуша за ваков проблем.

<

-Прв пат слушам за ваков проблем, не знам за каков проблем станува збор. Јас знам дека нашето производство на јајца ги задоволува домашните потреби, а имаме и количини кои се извезуваат надвор од државата. Дополнително ќе проверам дали има проблем, немам информација дека има проблем со снабдување јајца на полиците во маркетите, нагласи министерот.

Додаде дека сите штети од природни непогоди, во случајот огромниот бој на пожари ширум државата, согласно законот треба да ги процени општината.

-Треба да направи елаборат и да го достави до Второстепената комисија за проценка на штети. Изминатите месеци имавме пролетен мраз и Комисијата работи континуирано за навремено да се исплатат штетите. Значи, обврска на локалната самоуправа е – колку побрзо ќе го направи елаборатот, толку побрзо ќе биде ставен во владина процедура за обесштетување, потенцира министерот, изјави Трипуновски по средбата со раководството на Стопанската комора на северозападна Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Хероите од Октиси – цела ноќ на нозе во борба со огнената стихија

Хероите од Октиси – цела ноќ на нозе во борба со огнената стихија . Жителите на селото Октиси од синоќа не ја напуштаат линијата на фронтот...

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...