13.9 C
Ohrid
недела, август 17, 2025
ПочетнаМакедонијаПолициски херои: Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиески ја спасија жената од Вардар.

Полициски херои: Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиески ја спасија жената од Вардар.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Храброста и човечноста понекогаш можат да направат разлика меѓу живот и смрт.

<

Таков е примерот на полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски кој без двоумење скокнаа и спасија девојка од водите на Вардар.

Денеска на бреговите на Вардар се случи драматична акција за спасување, во која полициските службеници Кристијан и
Жико Ѓорѓиевски од Полициската станица – ОН Карпош покажаа исклучителна храброст и пожртвуваност.
Како што дознава Шило Магазин по добиена пријава дека младо девојче скокнало во реката и не давало знаци на живот, полициските екипи веднаш пристигнале на лице место. Во тие моменти на неизвесност, Стефановски без двоумење влегол во водите на Вардар и успеал да ја извади девојката на брегот.

Присутните сведоци раскажуваат дека моментов бил вистинска борба со времето, а брзата реакција на полицаецот направила разлика меѓу живот и смрт.

Девојката, која по извлекувањето давала знаци на живот, веднаш била предадена на екипа на Итната медицинска помош и пренесена во Ургентниот центар.

Овој чин предизвика бројни пофалби и изрази на благодарност од граѓаните. „Храброста и човечноста што ја покажаа полициските службрници Стефановски и Ѓорѓиевски се за восхит и пример за сите,“ велат очевидци.

Со ова дело, полициските службеници уште еднаш ја потврдија мисијата на полицијата – да биде во служба на граѓаните и да го чува она што е најважно – човечкиот живот. Видео ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Пецаков: Велестово е светилник на македонската поезија”

‎Навистина ми е драго што вчеравечер бев дел од свеченото отворање на 37 –то издание на интернационалната културна манифестација, “Поетска ноќ во Велестово”. ‎ ‎Во денешниот...

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...