23.9 C
Ohrid
недела, август 17, 2025
ПочетнаМакедонијаРама: Секој што изгубил куќа во пожарите, ние ќе му ја изградиме...

Рама: Секој што изгубил куќа во пожарите, ние ќе му ја изградиме бесплатно

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По штетите предизвикани од пожарите во земјата, премиерот Еди Рама изјави дека секој што го изгубил својот дом, државата ќе го обнови бесплатно.

<

Од друга страна, земјоделците кои го загубија својот добиток исто така ќе бидат рефинансирани, вели Рама.

„Кој и да го изгибил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи.

Проценката и надоместокот на штетите предизвикани од пожарите ќе се спроведуваат во секоја засегната општина, според посебна постапка, која започнува со нивна идентификација од страна на Групата за проценка за попис на штетите, утврден со наредба на градоначалникот. Ова го соопшти министерот за одбрана Пиро Венгу, како дообјаснување на мерката која ја пренесе Рама.

„Оваа група врши попис на штетите врз домувањето, инфраструктурата, бизнисите, земјоделските култури, механичката опрема, социо-културните објекти и пополнува обрасци со финансиски трошоци. Потоа, општините подготвуваат списоци на оштетени субјекти и соодветна документација и по финансиската проценка на секоја општина, се утврдуваат трошоците за обештетување, кои се спроведуваат од средствата на засегнатата општина, преку фондот за цивилна заштита“, пишува Венгу.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вучиќ: Работиме на тоа извршителите повеќе да немаат право да одземаат куќи и станови

Во денешното обраќање, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше и за најавениот пакет економски мерки. Ние сме многу посветени на новите економски мерки, се справуваме...

Сакала да ја задуши со перница: Скопјанка се обидела да ја убие бабата на сопругот

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство од член 123 став 2...

МВР демантира дека на граѓани вчера не им било дозволено да влезат во Кочани

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите и на социјалните мрежи дека наводно полицијата вчера (16.08.2025) не дозволила влез...

Полициски херои: Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиески ја спасија жената од Вардар.

Храброста и човечноста понекогаш можат да направат разлика меѓу живот и смрт. Таков е примерот на полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски кој без...