24.9 C
Ohrid
недела, август 17, 2025
ПочетнаМакедонијаСакала да ја задуши со перница: Скопјанка се обидела да ја убие...

Сакала да ја задуши со перница: Скопјанка се обидела да ја убие бабата на сопругот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

<

На 15 август, во домот на улицата “Борис Бојаџиски”, при вршење семејно насилство, се обидела да ја лиши од живот бабата на својот сопруг со која живееле во семејна заедница.

Додека оштетената родена 1938 година одмарала во една од собите, осомничената влегла во собата и ја заклучила вратата, а потоа седнала врз жртвата и и ставила перница врз главата со намера да ја задуши.

Ја притискала со перницата и ја удирала со тупаници по главата. Престанала кога мислела дека ја убила и за тоа му кажала на сопругот. Тој веднаш повикал полиција, а оштетената била пренесена во болница каде и биле констатирани нагмечување на главата и на вилицата, како и хематоми.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, особено затоа што постојат очигледни околности кои укажуваат на можност да го повтори делото, односно да го доврши обиденото дело.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кедев со скандалозна изјава: Има докази дека приватни болници оперирале без потреба, за профит

Во денешното издание на Стадион гостин беше реномираниот доктор, интервентниот кардиолог Сашко Кедев. Тој во емисијата обвини за докажани непотребни хируршки интервенции врз пациенти,...

Приведен татко од Свети Николе кој им се заканувал на сопствените ќерки

Вчера во 02:15 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода 52-годишниот Т.Д. по претходна пријава дека им се заканувал на...

Украдени сандаци со пчели и мед во близина на Штип

На 16.08.2025 во 13:23 часот во СВР Штип Г.Г.(47) од Штип пријави дека во временскиот период од 12 до 16.08.2025 со употреба на сила...

Приведен 78 годишен дедо во Охрид- Сакал да се тепа со полицијата !!!

На 16.08.2025 во 14:15 часот, на улицата. „15 Корпус“ во Охрид, приведен е Д.Г. (78) од Охрид кој бил агресивен кон полициските службеници кои...