Белградската полиција го уапси Г. М. (55) под сомнение дека фрлил молотов коктел врз Куќата на цвеќето, дознава Telegraf.rs
Мажот е уапсен по интервенцијата на полицијата. По наредба на обвинителството му е одреден притвор до 48 часа.
Тој е осомничен дека се обидел да го запали Музејот на 25 мај, местото каде што е погребан поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, околу 6 часот утрово.
Неофицијално, пожарот ја оштетил влезната врата од Куќата на цвеќето.
Според Telegraf.rs, полицијата била повикана од обезбедувач. Тој пријавил дека во Музејот пред зградата дошол маж, најверојатно држејќи молотов коктел, и се заканувал дека ќе ја запали зградата.
„Тој се приближил до зградата и фрлил запалива течност. За среќа, обезбедувачот го фатил и ја повикал полицијата“, пишува Telegraf. Неофицијално, дознале дека за време на апсењето човекот рекол дека сакал да го запали „усташкото дувло“.