Кривична пријава за жена од Берово – пронајдена ловна пушка во нејзиниот дом
<
Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Берово поднесе кривична пријава против С.Т. (68) од Берово. Полициската акција се случила на 12 март 2025 година, кога со судска наредба е извршен претрес во нејзиниот дом. При претресот е пронајдена и одземена ловна пушка, која ја поседувала без дозвола издадена од надлежен орган, што ја става под сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ согласно со законските одредби.
Фото:Илустрација