Страшна сообраќајна несреќа меѓу Ново Село и Ботун
<
На патниот правец меѓу селата Ново Село и Ботун попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден шлепер.
Според првични информации, има повредени патници, а патот е целосно блокиран веќе половина час. На местото на несреќата интервенираат полициски екипи и брза помош.
Се очекуваат повеќе детали за состојбата на повредените и причините за несреќата.