24.9 C
Ohrid
четврток, август 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЧовекот со најдолг затворенички стаж во Македонија“ – Исповедта на Драги Јовановски...

Човекот со најдолг затворенички стаж во Македонија“ – Исповедта на Драги Јовановски – Џина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Животната приказна на Драги Јовановски – Џина е полна со болка, неправда и избори кои го однесле по патот на криминалот. Тој е човекот со најдолг затворенички стаж во Македонија, а за ТВ Стар отворено зборува за својата судбина.

<

„Од 35 години што ги одлежав, 15 ми беа наместени. Сум видел и доживеал сè зад решетки. Јас сум човекот кој најмногу време поминал во затвор во оваа држава,“ вели Џина.

Детството – почеток на една траума

Животот му бил тежок уште од најрана возраст. „До 13 години очувот ме тепаше безмилосно, а јас се спротивставував. Наместо заштита, добив институционално казнување – ме однесоа во дом за сираци. Таму научив сè што не треба и тргнав по патот од кој враќање немаше,“ раскажува тој.

Живот зад решетки

Годините во затвор биле исполнети со неправди, но и со тврда борба за опстанок. „Криминалот мене ме избра за негова жртва. Повеќе време поминав во ќелија отколку на слобода. Човек таму или ќе се скрши, или ќе се зацврсти. Јас преживеав,“ додава Џина.

Исповед со порака

И покрај долгите години зад решетки, тој сака неговата приказна да биде поука за младите. „Да не го газат патот што јас го газев. Мислиш дека криминалот е сила, а всушност е стапица. Те јаде полека, додека не ти го украде цел живот,“ порачува Јовановски.
Видео ТУКА

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Припадниците на шумската полиција добиваат право на бенефициран стаж

Вики Македонија Припадниците на шумската полиција добиваат право на бенефициран стаж 20/08/20251 Min Read Припадниците на шумската полиција добиваат бенефициран стаж, нешто кое долги години го барале, но...

Боки 13 со закана до Лазаров: Да молчи или ќе мора да се отсели од државата. (ВИДЕО)

До пред неколку месеци блиските соработници Бојан Јовановски- Боки 13, и инфлуенсерот Стефан Лазаров влегоа во јавен конфликт. Откако Лазаров порача дека профил кој многу...

Младиот боксер Еди Насуфи е загинатиот 19-годишник во тешката сообраќајка во струшко

Македонскиот боксерски репрезентативец, 19-годишниот Еди Насуфи е загинатиот со сообраќајката што вчера се случи на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, струшко. Тој со возило...

Скопјанец се претставувал како Тошковски и како јавни обвинители за да бара поткуп – изнудил над милион денари!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Измама,...